Search

Запленети над 9.000 фалсификувани патики Најк

Над 9.000 фалсификувани патики Најк се запленети во Њујорк. Според надлежните, доколку станувало збор за оригинали, вредноста на пратката би се проценила на речиси 1,7 милиони долари.

Претставници на Царината и граничната заштита во САД ја пресретнале испораката на над 9.000 фалсификувани патики, кои доаѓале од Кина и требале да пристигнат во Калифорнија.

Но, кога цариниците ја прегледале пратката, таа им се видела сомнителна, по што била извршена проверка на патиките. Експертизата покажала дека станува збор за фалсификати.

Патиките се конфискувани. Според надлежните, доколку станувало збор за оригинали, вредноста на пратката би се проценила на речиси 1,7 милиони долари.

Треба да знаете
Последни објави