Search

Записи на Дарвин исчезнаа од Библиотеката во Кембриџ

Универзитетот во Кембриџ денеска упати повик да се најдат две тетратки за Чарлс Дарвин за кои се верува дека биле украдени од Универзитетската библиотека. Едната ја содржи неговата скица за „дрвото на животот” – симбол на неговата теорија за еволуцијата.

„По обемното пребарување, најголемото во историјата на библиотеката, конзерваторите заклучија дека тетратките чие исчезнување за првпат беше објавено во јануари 2001 година, најверојатно биле украдени”, се вели на интернет-страницата на Универзитетот.

Полицијата е известена, а тетратките, за кои се проценува дека вредат неколку милиони фунти, се ставени во базата на податоци на Интерпол за украдени уметнички дела.

– Длабоко жалам што овие тетратки не беа пронајдени и покрај обемните потфати за барање последниве 20 години, вклучително и најголемото пребарување во историјата на оваа библиотека на почетокот на оваа година, рече Џесика Гарднер, директорка на библиотечната служба.

Универзитетот во септември 2000 година објави дека двете тетратки биле извадени од просторијата каде што се чуваат највредните дела од библиотеката, заради фотографирање. За време на рутинска проверка потоа, во јануари 2001 година, било утврдено дека кутијата со тетратките не е на своето место. Некои библиотекари потоа верувале дека тетратките биле ставени на погрешно место во библиотеката со околу 10 милиони книги, мапи, ракописи и други предмети. Но, се чини, не е така.

Треба да знаете
Последни објави