Search

Запален „голф“ во Топанско Поле, опожарени и два автомобили

На 18.11.2020 во 03.35 часот било пријавено дека на улица Лазо Трповски во Скопје настанал пожар во патничко возило „голф“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.А. од Скопје.

Од пожарот биле делумно зафатени и две други патнички возила. Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Извршен е увид.

Треба да знаете
Последни објави