Search

Запален автомобил во Охрид

Автомобил бил запален утрово во Охрид, информираше МВР.

Инцидентот се случи околу 2 часот на паркинг на булеварот Туристичка. При извршен увид на местото на настанот предводен од Јавен обвинител и вешто лице, констатирано е дека опожарен е патнички автомобил „Лада Нива“,сопственост на С.С. (45) од Охрид.

СВР Охрид презема мерки за утврдување на причините за пожарот и целосно расветлување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави