Search

Запален автомобилот на турски дипломат во Грција

Два автомобили во сопственост на турски државјани, од кои еден дипломат, биле запалени денеска во Солун, соопштија грчките власти.

Полицијата наведе дека напаѓачите ги полеале автомобилите со запалива течност, пренесе „АП“.

Еден од автомобилите му припаѓал на дипломат вработен во турскиот конзулат, а вториот на турски државјанин кој работи во меѓународна финансиска институција со седиште во Солун.

Треба да знаете
Последни објави