Search

Запален автомобилот на екс-министерот Дритон Кучи

Автомобилот на поранешниот министер Дритон Кучи бил запален ноќеска, дознава 24 Инфо.

Според неофицијални информации, запалениот автомобил експлодирал, а поѓарот зафатил неколку возила.

-На 24.01.2020 во 01.43 часот во СВР Скопје било пријавено дека во подземна гаража на ул.„Босна и Херцеговина“ во Скопје настанал пожар во неколку возила. Полициски службеници  излегле на местото и констатирале дека целосно било опожарено патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Д.К.(32) од Скопје, а делумно биле опожарени патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Ф.(33) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Увид ќе се врши во текот на денот, велат од МВР

Кучи беше министер за .економија во 2017 година, а пота и заменик министер за образование.

Треба да знаете
Последни објави