Search

Запалени автомобили во Ѓорче и Чаир

Два автомобили изгореле деновиве во Скопје, информираше МВР.

На 12.01.2020 во Полициската станица Чаир, Б.Д.(53) од Скопје пријавил дека на 11.01.2020 околу 18.30 часот настанал пожар во неговото патничко возило „опел астра“, кое било паркирано пред неговата куќа на ул.„Скоевска“. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Извршен е увид.

Вчера во 1.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Атанас Иљоски“ настанал пожар во патничко возило „хјундаи И20“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на К.П.(49) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Извршен е увид.

Треба да знаете
Последни објави