Search

Заменичката на генералниот секретар на НАТО, Готемелер во Тирана

Заменичката на генералниот секретар на НАТО, Роуз Готемелер утре, 14 декември, ќе престојува во Тирана.

Како што јави албанската државна новинска  агенциија АТА, таа за време на посетата ќе се сретне со премиерот Еди Рама, министерот за Европа и надворешни работи, Дитмир Бушати и министерката за одбрана, Олта Џачка.

Првата средба ќе ја има со министерот Бушати, по што ќе одржат прес-конференција, по што високата претставничка на НАТО ќе се сретне со министерката Џачка.

Албанското Минстерство за одбрана ги демантираше информациите на дел од медиумте дека посетата е одложена, наведувајќи дека „таа ќе се реализира според утврдената програма”.

Дел од албанските медиуми претходно објавија дека посетата на Готемелер е одложена поради поради тензичната состојба во Албанија со студентските и другите протести низ целата земја, како и од  безбедносни  причини.

Весникот „Панорама” пак наведе дека за координација на оваа посета лично е задолжен албанскиот амбасадор во НАТО, Вишо Ајази Лика, кој претходно беше прв албански разузнавач. Тој веќе неколку дена е во Тирана.

Треба да знаете
Последни објави