Search

Зак Ефрон во филм за тестирањето опасни хемикалии врз животни

Зак Ефрон, Оливија Мун и други познати личности го позајмија гласот во филмската приказна за тестирањето козметички производи врз животни и штетните последиции потоа.

Иницијативата е на Холивуд и здружението „Меѓународно човечно општество” (Humane Society International). Тие издадоа краток цртан филм „Спаси го Ралф”, кој го прикажува просечниот ден на зајак во лабораторија за тестирање козметика.

– Овој филм предупредува на фактот дека животните и натаму страдаат, па сега е време тоа конечно да се забрани на светско ниво. Денес постојат многу други начини на тестирање кои не вклучуваат злоупотреба на животни, така што веќе нема оправдување за тортурата на суштества како Ралф за целта козметичка индустрија, рече Џефри Флокен, претседател на „Човечно општество”.

Гласовите ги позајмија Таика Ваитити, Рики Џервејс, Зак Ефрон, Оливија Мун, Пом Клементиф и Триша Хелфер. Спенсер Сусер го напиша сценариото и режираше филмот, а Џеф Веспа е продуцент. Тука е вклучен и стручњакот за кукли, Енди Гент, кој помогна да се создаде ликот на Ралф. Глумецот Рики Џервејс „е бесен” на пробите врз животни.

– Нема причина да капнуваме хемикалии во очите на зајаците или да им го даваме тоа како храна на стаорци, само за да правиме кармин или шампон. Науката еволуираше доволно за да ни обезбеди други методи за тестирање кои не вклучуваат животни. Мора да се запре оваа сурова практика и сега е време да се стори тоа, рече Џервејс.

Објавена е и петиција на интернет-страницата на „Човечно општество”, каде што може да се дознаат повеќе подробности за оваа кауза.

Треба да знаете
Последни објави