Search

Заклучоците на ММФ потврдуваат, СДСМ ја стабилизираше економијата, растат платите, невработеноста опаѓа, се повеќе пари завршуваат кај граѓаните

За неполни 2 и пол години СДСМ успеа да ја стабилизира економијата која 11 години беше уништувана од страна на криминалното и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
По децениска стагнација, економијата влегува во период на стабилност и солиден раст.
Меѓународниот монетарен фонд потвдрува дека економијата на Република Северна Македонија тргна на прав пат и ги поздрави реформите во насоките на сузбивање на сивата економија.
Заклучоците на ММФ јасно покажуваат дека одговорните и домаќински политики на СДСМ се поттик за економскиот раст. За истакнување е дека невработеноста достигна историски најниски 17.5 отсто, тоа е доказ дека реформите на Владата предводена од СДСМ се на прав пат.

Отворени се нови 50.000 работни места, наместо на споменици, жални врби и лажен барок на што ВМРО-ДПМНЕ трошеше пари, денес, СДСМ обезбедува раст на плати и пензии, стабилизација на пензискиот фонд, поддршка на приватниот сектор и повеќе пари во секој семеен буџет.
Наследивме економија со минус 1.8 проценти економски раст, а денес имаме раст на економијата за над 4 отсто. Минималната плата порасна за 5.500 денари, а просечната за 2.000 денари.
СДСМ продолжува со имплементација на мерките и политиките што обезбедуваат економски раст и повеќе пари кај граѓаните.

Треба да знаете
Последни објави