Search

Закерберг: Инстаграм и Ватсап не се за продажба

Шефот на Фејсбук, Марк Закерберг, во Белата куќа имаше „конструктивна средба” со американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти компанијата, а на состанок во Конгресот ја отфрли идејата за продажба на Инстаграм и Ватсап.

Закерберг се состана со „креаторите на политики за да слушне што ги загрижува и да разговараат за регулирање на Интернет во иднина”, рече портпаролот на Фејсбук.

„Тој во четвртокот во Белата куќа имаше конструктивна средба со претседателот Трамп”, објави Даниел Робертс.

Трамп твитна дека имал „пријатна средба со Марк Закерберг во Овалната канцеларија”, без да прецизира детали.

Закерберг, кој го посети Капитол Хил минатата година и сведочеше пред американскиот Конгрес во врска со скандалот со Кембриџ аналитика, се состана синоќа пред средбата со Трамп со бројни републиканци, вклучувајќи ги и сенаторите Џош Холи и Џон Корнин. Холи твитна дека од Закерберг бара да покаже дека компанијата е сериозна во врска со пристрасноста, приватноста и конкуренцијата во врска со продажбата на Ватсап и Инстаграм и овозможување на независна трета страна надзор над цензурата.

Треба да знаете
Последни објави