Search

Закани од Арачиново до НетПрес по написот за избркани полицајци од селото

Порака со елементи на закана доби редакцијата на НетПрес на својата официјална фејсбук страница, а според содржината се претпоставува дека станува збор за реакција во врска со информацијата за инцидент во скопско Арачиново, објави порталот.

Во пораката од профилот на извесен Шенол Маслани, пишува „за лајкови не земајте луѓе на врат, самите себе се земате на врат… немојте да претерате со лажни вести.. оние си побегнале, а вие кај ќе се криете“.

-Претпоставуваме дека заканата е упатена во врска со информацијата за инцидентот во скопско Арачиново. Односно дека делот „ОНИЕ СИ ПОБЕГНАЛЕ“, може да се претпостави дека се однесува на полицајците во Арачиново, со што ја потврдува информација, за која МВР досега не даде никакво објаснување во јавноста, велат од Нетпрес.

До редакцијата на порталот НЕТПРЕС пристигна информација од извори кои сакаа да останат анонимни дека во текот на вчерашниот ден во Арачиново четири полициски службеници на полициски пункт сопреле возило управувано од лице без никакви валидни документи. Лицето упатило навреди кон полициските службеници, по што побегнало од местото на настанот.

 

Треба да знаете
Последни објави