Search

Закани до грчки пратеници поради договорот за името, покрената е истрага

Обвинител од грчкиот врховен суд наложи започнување на истрага поради закани кон пратениците од десничарската партија „Независни Грци“, со кои тие преку пораки се повикуваат да не гласаат за преспанскиот договор.

Налогот за почетокот на истрагата е издаден откако два грчки сајтови објавија дека пратениците добиле заканувачки текстуални пораки во кои од нив се бара да гласаат против договорот за промена на името, пренесе „Ројтерс“, повикувајќи се на неименувани судски извори.

Треба да знаете
Последни објави