Search

Заедничка мисија на ЕУ и СЗО во Италија за коронавирусот

Претставници на Светската здравствена организација (СЗО) и на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) утре ќе остварат посета на Италија каде коронавирусот се прошири во рекордно брзо време изминатата недела.

Еврокомесарката за здравство, Стела Кириакидес, ќе биде дел од оваа мисија и ќе се сретне со италијанскиот министер за здравство, Роберто Сперанза.

Мисијата ќе биде фокусирана на менаџирање и набљудување на инфекцијата како и контрола на ризиците од зараза.

-Европската Комисија е солидарна со Италија и сите земји членки и решителна е во напорите за спречување на болеста и заштита на здравјето на нашите граѓани, изјави Кириакидес пред да замине за Италија.

Според италијанскиот премиер, епидемијата во Италија се должи на локална болница во северна Италија која не ги преземала потребните мерки на претпазливост.

Треба да знаете
Последни објави