Search

Заедничка меѓувладина седница со Република Косово во Скопје

Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 139 седница ја освои одлуката за одржување заедничка меѓувладината седница со Владата на Република Косово.

Седница ќе се одржи во Скопје, а како што информираат од владината прес-служба,  датумот треба да го одредат премиерите на двете земји Зоран Заев и Рамуш Харадинај, во согласност со нивните агенди.

Според информацијата што на предлог на Секретаријатот за европски прашања, денеска ја усвои Владата направени се неопходните подготовки за одржување на заедничка седница.

Во рамки на подготовките за седницата, како што информираат од владината прес-служба, се одвиваат разговори за дефинирање соработки меѓу двете земји, во неколку области и тоа: транспорт и инфраструктура, трговија и економски развој, соработка со дијаспората, внатрешни работи, правда, земјоделство, шумарство и водостопанство, здравство, култура и образование

Треба да знаете
Последни објави