Search

Заев: 3.000 денари месечен додаток за младите работници во производна дејност

Заев: 3.000 денари месечен додаток за младите работници во производна дејност

Премиерот Зоран Заев на „Фејсбук“ го најави воведувањето на мерка „младински додаток“, која како што вели, подразбира 3.000 денари месечно за сите млади во производна дејност.

„3.000 денари исплата на лична сметка на сите млади лица до 23 години со завршено најмалку средно образование и кои се во работен однос со социјално осигурување во производствена дејност, потоа на младите лица ангажирани кај работодавач од производствена дејност преку приватна агенција за вработување, како и на млади земјоделци со социјално осигурување“, пишува во објавата на Заев со која се објаснува оваа мерка.

Тој вели дека на ваков начин се поттикнува вработувањето на млади лица во производство по завршување на средното образование и се задоволуваат потребите на работодавачите за квалификувана работна сила.

Треба да знаете
Последни објави