Search

Заев: 2019 година ја завршиме со 624 милиони странски директни инвестиции најмногу во југоисточна Европа, изградивме 750 километри патишта

Изградивме 750 километри патишта, 1400 километри водоводи и канализации, а вие имате споменици и барокни фасади, кои ветрот ви ги дувна, му порача претстедателот на СДСМ Зоран Заев, на својот соговорник Христијан Мицкоски од ВМРО – ДПМНЕ во емисијата „Само вистина” на Канал 5 телевизија.
Тој додаде дека со 30 милиони евра за проблемот со ГАМА ја решивме гасификацијата, што е историско прашање, а не е споменик или жална врба.
Особени сме горди што 2019 година ја завршиме со 624 милиони странски директни инвестиции најмногу во југоисточна Европа по глава на жител, истакна Заев.
Меѓуругото и заради тие инвестиции има пари во буџетот и за пензии и за плати и за сите политики, за 300% зголемена социјална помош, за 40% зголемени плати на здравствените работници, за 25% зголемени плати на медицинските сестри, 21% зголемени плати во образованието, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев.
Треба да знаете
Последни објави