Search

Заев: Ќе ме гледаат мене уште четири години

Во екот на предизборната кампања за предвремените парламентарни избори закажани за 15 јули, поранешниот премиер, сега лидер на владеачката СДСМ кои ја предводата коалицијата „Можеме“  испарани јасни пораки за граѓаните во земјава.

-Низ вашите лични примери низ вашиот живот ја покажавте важноста на оваа наша земја дека сме заедно, сме биле отсекогаш заедно, векови и векови сме биле заедно, само овие лажните патриоти 11 години се обидуваа да не делат на вакви или онакви и затоа добија по капата, падна едниот сега ќе падне и другиот партнер од тоа време, вели Заев.

Лидерот на СДСМ има порака и за сегашниот коалиционен партнер ДУИ.

-Здраво е и за нив и за државата, 17 години се на власт, доста е. Здраво е и за Македонија, здраво е и за ДУИ да поминат во опозиција а овај ударот на режимот вмровски сега што ќе им го зададеме само тоа може да ги обнови нив како партија, само тоа може да ги европеизира за да имаат шанси. Им кажав пред 1 година од 50 до 120 000 гласови ќе ве победиме, еве слушајте ми го зборот, зборот е збор, додава Заев.
До изборниот молк останува уште една недела за камапања, која овојапат е спесифична поради пандемијата со коронавирусот.
-Како поминува кампањата така расте поддршката кон нас, се топат, се разобличуваат како тој стиропорот на фасадите што го имаат ставено. Паѓаат од секој ветер, од секој дожд, се пополека, пополека се мијат и излегува нивното вистинско лице. Се обидоа со секаков вид негативна и гнасна кампања, Зоран Заев та Зоран Заев, ама ќе ме гледаат мене уште 4 години па што сака нека е. Нема спас од Зоран Заев.
Треба да знаете
Последни објави