Search

Заев: Јасно е, Пендаровски води во фер политички натпревар во кој се покажа дека сечив глас е важен

Заев: Јасно е, Пендаровски води во фер политички натпревар во кој се покажа дека сечив глас е важен

Почитувани граѓани,

Пред 10 минути од нашиот штаб бројките се следни 98,27 отсто проверени вкупен број на избирачи, очекуваме уште 1,7 отсто од резултатите коишто се собираат, 321.201 глас има Стево Пендаровски, 316.872 има Гордана Сиљановска, и 79.169 гласови има Блерим Река. Тоа се преку 4.300 гласови предност во корист на Стево Пендаровски.

Почитувани граѓани,

Прво, дозволете ми да ви честитам за фер и демократските избори со коишто потврдивме темелна европска вредност.

Вакви чекори ни доликуваат и ЈАС СУМ УВЕРЕН ДЕКА ВО ВТОРИОТ ИЗБОРЕН КРУГ ЌЕ ЗАОКРУЖИМЕ УШТЕ ЕДНА ЕВРОПСКА ВРЕДНОСТ – ЕВРОПСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НАШАТА ДРЖАВА.  

Честитам пријателе, другар, соборец наш, Стево Пендаровски за поддршката од граѓаните во првиот круг.

Јасно е, Пендаровски води во фер политички натпревар во кој се покажа дека сечив глас е важен.

Почитувани граѓани,

На овие избори, и во првиот и во вториот круг, се одлучува дали ќе продолжиме напред.

Два, целосно различни концепта се спротвивставени во вториот изборен круг. Концептот на Стево Пендаровски е прогресивен и обединува. Другиот концепт на Гордана Силјановска е деструктивен и го дели народот.

ЈАС ЗНАМ ДЕКА ВО ВТОРИОТ КРУГ, ГРАЃАНИТЕ УШТЕ ПОСИЛНО ЌЕ ГО ПОДДРЖАТ НАПРЕДОКОТ. ПОБЕДАТА Е ВО НАПРЕДОКОТ, ВО ПРОГРЕСОТ, ВО КОНЦЕПТОТ КОЈ ВОДИ КОН НАТО И ЕУ!

ЈАСНО Е ДЕКА ВО ВТОРИОТ КРУГ, КОНЦЕПТОТ НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ ЌЕ ДОБИЕ ПОДДРШКА ОД УШТЕ ПОВЕЌЕ ГРАЃАНИ – УШТЕ ПОВЕЌЕ ГРАЃАНИ ЌЕ СЕ ПРИКЛУЧАТ КОН ПОБЕДАТА НА ПЕНДАРОВСКИ И НА НАШАТА ЗЕМЈА!

Мнозинството граѓани ја препознаа разликата и постапија одговорно во првиот изборен круг.

Очекувам и граѓаните кои денеска гласаа за господинот Блерим Река, на 5-ти мај да постапат одговорно и да придонесат кон патот кој води Напред, затоа што и тие знаат дека Назад носи штети, за сите, па и за нив.  

Ова се важни избори бидејќи определуваат со колку брзо темпо ќе продолжиме да се движиме Напред и колку брзо ќе почнеме да живееме европски. Сите имаме одговорност кон сопствената земја и кон сопствените деца. Јас верувам дека ова ќе ги мотивира и најколебливите, и најнерешителните, да придонесат во заеднички перспективите.

Северна Македонија е поставена на правиот пат. Се определивме да ги развиваме прогресивните концепти: Економски развој, Едно општество за сите, Членство во НАТО и ЕУ. И само овие европски концепти носат добро, за сите нас.

Затоа почитувани граѓани,

Ви благодарам на сите кои излеговте и изразивте став на овие мирни демократски избори.

Ве повикувам сите, да излезете повторно во вториот круг и заедно да потврдиме дека нашата земја чекори напред.

И особено ги повикувам сите кои се двоумеа дали да излезат денес. Сите, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци, Египќани и сите други.

Сечив глас е важен. Вие сте важни! Од вашиот гласзависи дали земјата ќе продолжи напред!

Излезете и гласајте во вториот круг. И вие одлучувате. Изберете прогрес за нашата земја.

Повикувам на големо обединување во вториот круг од претседателските избори за уште еден сигурен чекор Напред, на патот што го трасиравме, кон НАТО и ЕУ, кон економски напредок, Заедно Напред.

Стево, честитам за победата во првиот круг, уште поголема ќе биде победата во вториот круг – продолжуваме Напред Заедно сите како што ни ја личи земјата, сплотени Заедно Напред, застанување нема.

Треба да знаете
Последни објави