Search

Заев: Членството во НАТО е постигнување на историска цел

САД се докажан пријател и поддржувач на Северна Македонија. Денешната посета на државниот секретар Мајк Помпео е силен сигнал за поддршката на САД за нашата земја, за нашите евроатлантски интеграции и потврда дека продолжуваме да ја продлабочуваме соработка.

Ова го истакна премиерот Зоран Заев на заедничката прес – конференција во Охрид со американскиот државен секретар Мајк Помпео.

– Северна Македонија е посветен стратешки партнер на САД. Американскиот народ е пријател на македонскиот народ, и на сите народи кои живеат во нашата земја.Имамаме политички и историски причини да го одржување и зајакнуваме нашето пријателство. Дел од нив се нашите заеднички заложби и вредности за безбедност, слобода и демократски просперитет во регионот и заеднички активности во борбата против тероризмот и другите закани за мирот ширум светот. Подготвени сме со уште поисилно темпо да учествуваме во сите глобалните иницијативи кои се конфронтираат на дезинформациите и заканите по демократијата, рече Заев.

Нагласи дека со очекуваното полноправно членство во НАТО, нашиот придонес во таа насока ќе добие силен поттик и нова димензија.

– Членството во НАТО е наша суверена одлука за која има силна надпартиска одлука и меѓуетнички консензус. Тоа е за нас постигнување на една историска цел. Голема придобивка не само за нашата земја туку и за зајакнување на слободата и демократскиот просперитет на целиот регион, истакна Заев.

Тој посочи дека досега протоколот за членство во НАТО го ратификуваа 22 земји членки и со оптимизам очекуваме полноправно членство во Алијансата во блиска иднина.

-Сакам да се заблагодарм на САД за недвосмислената поддршка за нашето членство во НАТО и за брзо очекуваната добра вест дека протоколот ќе се ратификува и во САД. Во меѓувреме целосно сме подготвени да ги прифатиме обврските од нашето членство. Имаме силна политичка волја Буџетот за одбарна да биде 2 отсто од БДП и тоа не подоцна од 2024 година, ако не и порано, рече Заев.

За десеттина дена, истакна премиерот, ја очекуваме и веста од Брисел за отворање на преговорите за членство во ЕУ. Тоа ќе има силно позитивно влијани на целиот регион и значи награда за напредокот и полтичката храбтост.

Треба да знаете
Последни објави