Search

Заев: Чест ми е да ја дадам целата поддршка на кандидатот на СДСМ и иден градоначалник на Штип, Сашко Николов

Фејсбук статус на премиерот Зоран Заев:

Чест ми е да ја дадам целата поддршка на кандидатот на СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија и иден градоначалник на Штип, Д-р Сашко Николов. Сашко е олицетворение на чесната понуда на #СДСМ за овие предвремени локални избори во општина Штип.

Целиот свој професионален и човечки ангажман, Сашко целосно го има посветено на бескомпромисна работа за граѓаните и нивното здравје, не само за Штип и штипјани, туку за сите граѓани од источниот регион. Во краткиот период додека ја извршуваше функцијата пратеник во Собранието, Сашко покажа како се работи посветено и одговорно во интерес на граѓаните и државата.

ВМРО-ДПМНЕ бега од избори затоа што знае дека ќе изгуби, затоа што нема понуда, никој не се нафаќа да се кандидира за губитникот Мицкоски. На Мицкоски не му е важно здравјето на граѓаните. Бега од изборите во Штип, а истовремено бара предвремени парламентарни избори. Тоа е лицемерие и потценување на граѓаните.

Изборите се безбедни по здравјето на граѓаните и сите учесници во изборниот процес и ќе се одржат со целосно запазување на протоколите за заштита од КОВИД-19.

Штипјани и штипјанки, избирачкото право е уставно загарантирано и врвна демократска вредност – искористете го, излезете и гласајте!

Треба да знаете
Последни објави