Search

Заев: Честито мој пријателе Алексис Ципрас, нека е вечен Договорот од Преспа

Честито мој пријателе Алексис Ципрас, заедно со нашите народи испишавме историска победа. Нека е вечен Договорот од Преспа, нека се вечни мирот и прогресот на Балканот и во Европа, напиша премиерот Зоран Заев на „Фејсбук“, веднаш откако грчкиот парламент го изгласа Договорот од Преспа.

Од вкупно 300 пратеници, 153 гласаа „за“ договорот, 146 гласаа „против“ и еден „воздржано“.

Расправата која течеше во парламентот беше тензична и неизвесна. Премиерот на Грција Алексис Ципрас во последното обраќање порача дека Преспанскиот договор носи стабилност за целиот Блакан и дека со него интересите на Грција не се загрозени. Тој на пратениците им порача дека неговата ратификација претставува историски чекор

Треба да знаете
Последни објави