Search

Заев: Фокусирани сме на мерки за лична заштита, од почитувањето на мерките ќе зависи како државата ќе се движи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев во вечерашното издание на емисијата “Само Интервју”, кажа дека Владата и надлежните институции се целосно посветени на мерките за лична зашптита преку кои ќе се спречи ширењето на Ковид 19, а со тоа и потребата од карантин и други порестриктивни мерки.
“Она на коешто сме сите фокусирани од Здравствена комисија до државниот кризен штаб до до Владата е мерките на лична заштита. Тука ги полагаме сите надежи.
Сите се свесни, граѓаните знаат дека се во иднина ќе зависи од тоа колкав ќе биде бројот на заразени, бројот на смртни случаеви, колку ќе тра еоваа пандемија зависи од нашата лична одговорност. Колку повеќе носиме макса, правиме дезинфекција, држиме дистанца, не мора секој пат да поравиме средба, можеме и по телефон дел од работите да ги завршиме”, рече Заев.
Премиерот Заев кажа дека со намалување на тепературите се зголемува и опасноста од зголемување на бројот на заболени и токму затоа е многу важно сите безусловно да ги почитуваат мерките. Владата , како што кажа Заев не разм,ислува за нов карантин како мерка, но доколку надлежната Комисија поредложи аргументи, не се исклучува и таа опција.
Заев рече дека инспекциите казнуваат насекаде затвораат, се поднесуваат кривични пријави, но не можат да ја најдат секоја домашна прослава.
“Сите да се потсетиме како беше и колку е беше и колку е тоа  страшно што се случува со оваа пандемија. Ние сите се опуштивме, треба да знаат, доаѓа зима, зимата ќе биде многу потешка од летото. Затоа што летото генерално, кажуваат стручните лица што значи дури и инфицирањето и како тоа се пренесува, зошто имаме асимптоматски случаеви, во зимата тоа нема да е така. Од почитувањето на мерките ќе зависи како државата ќе се движи. Ние како Влада не одлучуваме за овие работи. Ако прашате дали ќе затвараме, дали ќе има карантини . Не. Не..зошто? Да ја ништиме економијата, да го ништиме социјалниот живот на граѓаните? Не. Ама комисијата која што е императив над сите ги каже сите издржливи аргументии тоа се случи, ние што да правиме, не сакаме , ниту Комисијата сака, ниту некои очекуваат дека има потреба од тоа, но важно е да ги почитуваме тие мерки, посебно затоа што залади времето, паѓаат температурите, дефинитивно ќе растат и бројките” , рече Заев.
Тој потенцираше дека единствените мерки околу здравствениот аспект којшто во моментот ги разгледува Владата е како да се охрабрат и наградат здравстените работници.
Треба да знаете
Последни објави