Search

Заев-Фишер: Европа да ја награди Северна Македонија за храброста да се издигне и над најтешките предизвици

Европа треба да ја награди Северна Македонија за храброста да се издигне и над најтешките предизвици. Ваков бил заклучокот од средбата што денеска во Виена ја оствариле претседателот на Владата, Зоран Заев и поранешниот претседател на Австрија, Хајнц Фишер.

Како што соопшти владината прес-служба, на средбата, премиерот Заев го информирал поранешниот претседател на Република Австрија, Фишер за последните политички случувања во земјата, односно успешно спроведените претседателски избори, како и текот на реформите во неколку клучни области.

Истовремено, на средбата била потврдена поддршката којашто Република Австрија во континуитет и ја дава на Република Северна Македонија на нејзиниот пат кон интеграцијата во Европската Унија. И таа поддршка, како што било посочено на средбата, нема да изостане сe додека Северна Македонија не стане полноправна членка на ЕУ.

„Северна Македонија за кратко време стана модел, пример како се решаваат дури и најтешките билатерални прашања и затоа Европа треба да возврати и да ја награди нашата земја“, истакнал премиерот Заев на средбата со поранешниот претседател на Република Австрија, Хајнц Фишер.

Треба да знаете
Последни објави