Search

Заев – Фатхаллах ел – Далие: По Договорот од Преспа и интеграциските перспективи, отворени можности за унапредување на економската соработка со Египет

Претседателот на Владата, Зоран Заев денеска се сретна со египетскиот амбасадор Моајад Фатхаллах ел – Далие, кој го завршува својот мандат.

На средбата, соопшти владината прес-служба, е констатирано дека нашата држава напредува по Договорот од Преспа и отворените интеграциски перспективи и со тоа отворени се можности за унапредување на билатералната соработката, посебно на економски план меѓу Арапска Република Египет и Република Северна Македонија.

Разговарано е за иницијатива за трговски можности во областа на земјоделството, со оглед дека нашата држава има потенцијали во земјоделството, како и за можностите за охрабрување на египетски бизнисмени да инвестираат во нашата земја.

– Градиме пријателства со сите држави, а НАТО и ЕУ перспективите создадоа можности за поинтензивен развој на економските односи со државите во светот. Во очекување сме на историската одлука за шансата да почнеме преговори со ЕУ. Ги заокружуваме НАТО интеграциите кои значат стабилност. Поради сето ова, зголемен е интересот на странските инвеститори, кои со поволните бизнис услови што ги овозможува државава кон инвеститорите, гледаат перспективи за инвестирање овде. Се надеваме дека тие можности ќе ги препознаат и египетските компании, рече премиерот Заев.

На средбата се споделени искуства од Египет за развојот на туризмот и изградбата на современа инфраструктура, а разговарано е и за промовирањето на културните вредности.

Треба да знаете
Последни објави