Search

Заев упати телеграма со сочувство за смртта на првоборецот и носител на партизанска споменица 1941 Раде Гогов

Зоран Заев упати телеграма со сочувство до семејството на првоборецот и носител на партизанска споменица 1941 Раде Гогов.
„Во овие моменти на семејна тага дозволете ми од мое име, и од име на Владата на Република Северна Македонија, да Ви изразам искрено сочувство за смртта на првоборецот и носител на партизанска споменица 1941 Раде Гогов.
Првоборецот на НОВ Раде Гогов, кој како млад 18 годишен партизан го обезбедуваше првото заседание на АСНОМ, останува во нашите срца и сеќавања како борец кој остави своја неизбришлива трага во македонската историја, како првоборец за нејзиното ослободување, самобитност, државност и независност.
Неговата посветеност кон стратешките цели на државата и кон борбата за поубаво, слободно и напредно општество, го прават неговиот животен пат судбински испреплетен со патот на нашата татковина.
Како борец на НОБ, ќе остане запаметен по храброста и неговите преданија за македонската борба за слобода.
Нека му е вечна славата”.
Треба да знаете
Последни објави