Search

Заев: Трајко, Миле, Спиро не се организатори на „27 април“, беа изманипулирани од Груевски

Премиерот Зоран Заев во својот исказ пред судот изјави дека обвинетите за настаните од 27 не се организатори туку биле изманипулирани од Никола Груевски.

-Настаните од 27 април оставија згрозувачки сеќавања за сите нас и се надеваме дека нема да се повтори. Како човек кој бев меѓу првите жртви од насилничката група со намера да одзема животи и да ликвидира. Логично мислам дека има организатори на тој настан. Но, како упатен и информиран како претседател на најголемото мнозинство не мислам дека главни организатори се Миле Јанакиески, спиро Ристовски и Трајко Вељановски. Според мои сознанија овие луѓе се изманипулирани од главниот организатор Никола Груевски и според мене како жртва должен да ја зборувам вистината не навлегувајќи во нивните чувства не мислам дека се организатори туку дека се изманипулирани. Јас сум присутен сите тие 30 дена пред Собранието знам како тогашниот претседател го водеше Собранието знаејќи ги политичките констелации. Не е коректно за правниот систем да се води ваква постапка, рече Заев во судот.

На ваквиот исказ реагираше Обвинителката која го води предметот.

Според Вилма Русковска, сведокот не бил повикан да дава свои мислења за настанот туку да каже што слушнал и видел.

Заев беше повикан да сведочи по барање на обвинетиот Трајко Вељановски.

Премиерот не можеше да се сети дали се потпишал на барањето за продолжување на конститутивната седница пред три години. Како сведок на денешното рочиште за случувањата од 27 април 2018, тој рече и дека често имале координација со тогашниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски.

 

Фото: Слободан Ѓуриќ

 

Треба да знаете
Последни објави