Search

Заев тврдеше дека договорот со Бугарија ги решил сите отворени прашања, тогаш зошто сега најавува декларација?!

Интегрален текст од прес конференција на Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

 

„Заев зошто молчиш со денови и не кажуваш, кој е твојот став за Гоце Делчев и за македонскиот јазик? Ајде Заев охрабри се и не се плаши, кажи го твојот став  Македонија да го слушне. Заев не се криј зад празни флоскули и општи поими, Македонија очекува став.

Нели сите проблеми со соседите беа решени? Нели немаше веќе отворени прашања со соседите? Нели договорот што го потпиша со Бугарија беше гарант за нашата европска иднина? Од каде сега нови декларации и анекси на договорот? Се што кажа Зоран Заев пред три години кога го потпишуваше договорот со Бугарија беше лага и дел од една фаза на систематско рушење на нацијата.

Вчерашната изјава дека е можна нова декларација која што ќе биде дополнување на договорот е разградување на нацијата и историјата на државата. Наместо раст и развој. Зоран Заев повторно се впушта во историски договори, кои немаат никаков ефект врз суштински развој на државата. Наместо да се насочи кон унапредување на соработката и економски развој ние сме заглавени во теми за кои не треба да се преговара и кои се дел од македонската национална гордост.

Гоце е црвената линија на македонското национално достоинство и за него не смее да има преговарање, исто така и за македонскиот јазик, за кој што Заев тврдеше дека е загарантиран со договорот кој го потпиша со Грција. Очигледно e се што кажа Заев е лага и на секој нови преговори, тој руши дел по дел од македонското ткиво. Заев треба да знае дека се што ќе потпише, а ќе значи продажба на Гоце Делчев и на македонскиот јазик, ќе биде поништено од владата на ВМРО-ДПМНЕ и ние таков договор нема да почитуваме.

 

 

Треба да знаете
Последни објави