Search

Заев: Стратегијата на „чекан“ и „танц“ во справување со коронавирусот дава добар резултат

Стратегијата на „чекан“ и „танц“ во справување со коронавирусот e базирана на долгорочен пллан за сузбивање на вирусот преку комбинирани мерки и интензитет на нивно спроведување, напиша на Фејсбук лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

-Оваа стратегија предвидува комбинација на силни, остри мерки за сузбивање и намалување на вирусот (чекан) на почеток а потоа и мерки за држење под контрола на заразата (танцот).
„Чеканот“ претставува почетна и агресивна реакција кон сузбивање на заразата и добивање на повеќе време за да може да се пронајде вакцина. Во овие драстични мерки спаѓаат и мерките кои нашата држава навремено и ефикасно ги спроведува (затворање училишта, факултети, забрана за јавни собири, забрана за движење, изолација, самоизолација, тестирања). Откако ќе се примени „чеканот“ и епидемијата е ставена под контрола, следува фазата на „танц“ односно периодот до пронаоѓање на вакцината кој може да биде и подолг. Оваа стратегија дава добар резултат и може да го намали времето за справување со последиците, здравствени и економски. Ова е заедничка борба за сите нас, од нас зависи колку силно ќе удри „чеканот“ и колку долго ќе трае „танцот“. Да бидеме одговорни и сериозни, да ги почитуваме во целост мерките и задолженијата затоа што тие се за наше добро. Само така ќе излеземе како победници од оваа глобална здравствена и економска закана, напиша Заев.

https://www.facebook.com/zaevzoran/photos/a.243039092931/10158469448402932/?type=3&__xts__%5B0%5D=68.ARD7nkPYupqIvVoIxnDUDtUT6ZMWxSTM06a2fIqo9adAdx-ywERIDxotydxS95Zohl7pdqzweHtG0Pa-siqXVRpuv-oRdFXg9na19e55fDwFB3mFxGTgGk-98OdV-vNZT-ggTeKsNVbDp9VWOtfcm6xKKOCM6n3fKQ_i5VpcNTTdLnIKgqMzwwkQ4temcwcr9WDaksvREBPE7ss8eplTpoy9cxdReuJQWUbB9NDeqIybeZ09Off6ucVi0mx6o698Osp0TdkIXUMaWrQ1q0RrzAhouy-R7592Iw4an1c12Z8q083IlJ2aM1aPpIW33BN9Fx2ejdEwIJVuPHI6kQ&__tn__=-R

Треба да знаете
Последни објави