Search

Заев со Шекеринска со шведскиот премиер Лофвен во Стокхолм: Силна поддршка од Шведска за европските интеграции и за сите демократски процеси во нашата држава

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, заедно со вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, денеска во Стокхолм се сретна со Стефан Лофвен, премиер на Кралството Шведска.

На средбата е изразена поддршка за европските интеграции на Република Северна Македонија. Констатирано е дека нашата земја направи видлив реформски прогрес во делот на правосудството, борбата против корупцијата, добрососедските односи и дека тоа треба да биде вреднувано со исчекор во евроинтеграциите.

Порачано е дека Република Северна Македонија може да смета на поддршката од Кралството Шведска и во иднина.

Премиерот Заев и вицепремиерката Шекеринска се заблагодарија на премиерот Лофвен и на Кралството Шведска за постојаната поддршка на демократските процеси и на сите клучни политички процеси за напредокот на Република Северна Македонија.

 

„Работиме на реформите и понатаму со став дека европските перспективи за нас како држава немаат алтернатива. Во очекување сме и на заокружување на НАТО интеграциите. На нашата држава, како и на Западен Балкан и на Европа им се потребни стабилност, просперитет и развој. Потребна им е одржливост. Тоа се процеси во коишто Шведска дава водечки придонес за што сме благодарни“, рече меѓу другото, премиерот Зоран Заев, на средбата со шведскиот премиер Стефан Лофвен.

Треба да знаете
Последни објави