Search

Заев со владина делегација во официјална посета на Албанија

Претседателот на Владата, Зоран Заев, придружуван од заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров, во среда ќе престојува во официјална посета на Република Албанија.

Во рамки на официјалната посета на Тирана, предвидени се средби на владино и државно ниво.

Претпладнето, премиерот Заев и владината делегација ќе се сретнат со албанскиот премиер Еди Рама, по што ќе следува заедничка прес-конференција на премиерите. Попладнето, предвидена е средба и со претседателот на албанскиот парламентот, Грамоз Ручи.

Треба да знаете
Последни објави