Search

Заев: Снимката која беше емитувана е од ручек со Александар Верушевски

Снимката која беше објавена е направена од Александар Верушевски на ручек во ресторан во Струмица, одговори лидерот на СДСМ, Зоран Заев на прашање на новинар за тоа кој е другиот соговорник кој се слуша во „бомбите“ објавени неодамна на Јутјуб.

-Тој е мој пријател, но ете така одлучил така направил. Неговиот татко знаете е советник за национална безбедност и ми е голем пријател. Но, ете, Александар така одлучил така правел, рече Заев додавајќи дека разговорот кој бил сниман е пред околу 4 години.

Треба да знаете
Последни објави