Search

Заев склучува договор со „СВ Инвест“ вреден милион евра, ете зошто граѓаните плаќаат поскапа струја

Соопштение до јавноста, реакција на ФБ статусот на Зоран Заев и прес конференцијата на Костадин Костадинов.

 

„Заев и Костадинов додека лажат за економската слика во Македонија, тие се богатат на грбот на граѓаните. Над 40.000 граѓани останаа без работа, но Заев потпиша договор со „СВ Инвест“  вреден скоро милион евра. СДСМ не одговори за тендерот од 6.2 милиони евра за ископување на јаглен од РЕК Битола кој го доби нивен финансиер Силјан Мицевски. Но затоа се дрзна и Заев преку „СВ Инвест“ да зема пари.

Очигледно дека РЕК Битола претставува златна кокошка на мафијата предводена и диригирана од Зоран Заев.

Компанијата „СВ Инвест“ се поврзува со името на Вице Заев, брат на Зоран Заев, тој добива милионски јавни набавки во четири очи од државната електрана РЕК Битола, без притоа да поседува механизација со која ќе ги извршува работите.

Македонските граѓани додека го тераат денот со 50 денари дневно, фамилијата Заев се полни со милиони евра.

Македонската економија стагнира, но богатењето на Заев и СДСМ продолжува.

Поради СДСМ Македонија има историски пад на БДП од 12.7% и намалени плати и тоа само за 6 месеци криза.

Еднократната помош и задолжувањето од страна на Владата на СДСМ не се решение, затоа што тие не генерираат раст на економијата.

И додека се оди во надолен тренд сметките за струја единствено растат.

Додека граѓаните гладуваат, Костадинов и неговиот шеф Заев се богатат.

Треба да знаете
Последни објави