Search

Заев: Сигурни во македонскиот идентитет ќе ги придвижиме работите

Сигурни во македонскиот идентитет ќе ги придвижиме работите,порача премиерот Зоран Заев во објава на Фејсбук, откако вчера Софија го блокираше усвојувањето на преговарачката рамка за Северна Македонија и одржувањето на првата меѓувладина конференција.

Според Заев, Владата постапува рационално и без конфликти да стаса до решение бидејќи, како што истакнува, тоа е европскиот и македонскиот начин.

-Немаме друга алтернатива освен европскиот пат. Владата постапува рационално, без конфликти да стигнеме до решение. Тоа е европскиот начин. Тоа е македонскиот начин. Сакам целиот наш народ да знае дека има можности и постојат шанси за успех, притоа заштитувајќи ги сите наши интереси. Сигурни во македонскиот идентитет ќе ги придвижиме работиме, напиша Заев на ФБ.

Треба да знаете
Последни објави