Search

Заев сака избори на кои ќе го загрози здравјето на граѓаните без набљудувачка мисија и без прочистен список

Соопштение до јавноста, реакција на Фејсбук статусот на Зоран Заев

„Зоран Заев сака избори на кои ќе го загрози здравјето на граѓаните без набљудувачка мисија и без прочистен список. Одговорноста за такви едни избори е на Заев, но и за кризата која доаѓа со тоа. Зоран Заев мисли дека на ваков начин ќе избега од одговорност за криминалите. Заев не е во можност да обезбеди ниту услови за избори како во една Белорусија.

Зоран Заев и СДСМ незрело и безобѕирно кон здравјето на граѓаните сакаат изборна кланица, со стотици заразени секој ден и по неколку мртви. Заев како најголем некрофил е спремен да кази преку мртви за функција.

Заев е причината за избувнувањето на вториот пик на коронавирусот поради предвреме почнатата кампања. Заев прво го стави во ризик здравјето на своите сопартијци, кои заради неговата желба за власт завршија во карантин, а сега сака да ја зарази цела нација.

Останува време СДСМ да се вразуми, а на Стево Пендаровски да покаже капацитет за државност и да прогласи вонредна состојба. Избори може да се случат најрано во средината на јули, тогаш ќе имаме можност и за набљудувачка мисија, но и посигурни здравствени услови.

СДСМ да не се коцка со здравјето на граѓаните.“

Треба да знаете
Последни објави