Search

Заев: Просечната плата продолжува да расте и во услови на здравствено-економска криза

Зголемување од 8,5 отсто на просечната плата е забележано во јули оваа година во споредба со истиот месец минатата година, напиша денеска на својот Фејсбук профил премиерот Зоран Заев, напоменуваќи дека просечната плата продолжува да расте и во услови на здравствено-економска криза.

-Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната нето плата во јули изнесувала 27.231 денар, и е зголемена за 2.127 денари. Ова се должи на зголемувањето на платите во образованието и здравството во изминатава година, како и на ефикасните антикризни мерки во време на пандемија, наведе Заев во статусот.

Нагласи дека Владата создава рамка која ќе овозможи платите и пензиите да продолжат да растат, а граѓаните да имаат поголема куповна моќ.

-Да обезбедиме подобар животен стандард и да ја намалуваме невработеноста.Продолжуваме да вложуваме во човечкиот капитал, со тоа придонесеме во вкупниот раст на економијата. Економија, која е подготвена да одговори на новите предизвици и да понуди шанса за секој, напиша премиерот на својот Фејсбук профил.

https://www.facebook.com/zaevzoran/photos/a.243039092931/10159047147397932/?type=3&__xts__%5B0%5D=68.ARCFJcy0YpQcPH4PFEFWwzQmLlqObgPZkyO7nyaP_7kf-PU0igXL8RssdWVRnyrtUozPNxTCBa31TKEKmQ5V0ZP4_tCLiHioxSQsAKU8-fq5d4FvdjDGHDHfbK8TjmNfxMIsCWfWSz8znhw_0xZu6OLz7Cb-lAwV_l76X5iFtxepURijMevmcmSt_5ewqzdRFMDtHWWVL_HCEb5Sb2HKV81D2nwkU51FUQEph0ZV_UHiNPO8YoOa0bnNGRoZSnWR-maDiZUMYh9s_-lBJUXwX6AMf-hR2o1a1FAcjvh1s5WNu7jneKOcnJPEhSKpgMSzQqq9chgGrk4hl-DeZg&__tn__=-R

Треба да знаете
Последни објави