Search

Заев: Прекрасна вест од Берлин, благодарност до Бундестагот

Премиерот Зоран Заев задоволен од гласањето во Бундестагот, им се заблагодари на канцеларката Ангела Меркел и на пратениците.

Вечерва добивме прекрасна вест од Берлин. Бундестагот со огромно мнозинство даде поддршка за ЕУ да ги започне преговорите за членство со Северна Македонија.

Конечната одлука ја очекуваме во октомври, што ќе значи признание за граѓаните и институциите и за сите наши одлуки, напори и успеси. Ова е голем поттик, продолжуваме да работиме уште повеќе. Благодариме на сите пратеници во германскиот Бундестаг и на владиниот тим на канцеларката Ангела Меркел.

https://www.facebook.com/zaevzoran/posts/10157841823727932

Треба да знаете
Последни објави