Search

Заев: Предлог законот за ЈО е структурно и системско решение, сега и требаме сите на државата

Предлог законот за јавно обвинителство е направен политичарите да не местат обвинители, туку  да биде структурно и системско решение далеку од рацете на политичарите и во функција на јакнење на независноста и реформите во правосудството и воопшто не држат тезите дека преку него некој се обидува да амнестира случаи и да скрие криминал на актуелната власт, порача денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев.

-Со законот се гарантираат сите актуелни случаи, отпочнати предистраги, истраги, судски процеси и слично без разлика за кого се однесуваат, вклучително и предметите од СЈО, но и од Обвинителството за организиран кримнал и тоа сегашни, минати а веројатно и идни предмети. Ако ВМРО-ДПМНЕ е за вакво решение јавно ги повикувам, а веројатно тоа ќе го направи и министерката за правда како лидер на работната група од наша страна, уште утре да седнат работните групи и веднаш да разговаат за се да решиме во функција и интерес на граѓаните. Во спротивно, останува само политиканство и сериозна потврда дека некој постои и функционира само за да го заташка криминалот и да ја спречи одговорноста за криминалот без разлика за кого се однесува, рече Заев во одговор на новинарско прашање при денешната посета на МАСИТ.

Тој за денешната прес-конференција на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на која рече дека нема да учествуваат во преговорите за законот за јавно обвинителство доколку не се прифатат нивните забелешки и предлози, рече дека е резултат на инструкциите што доаѓаат од Будимпешта.

-Со барањето од опозицијата да биде предложен јавниот обвинител, Мицкоски испраќа порака дека има намера да остане во опозиција. Вака критички да се настапи за закон кој е во координација со Европската делегација, ЕУ и САД е далеку од било каква нормалност во однесувањето во вакви сериозни моменти пред кои сме исправени. Испраќам порака на сериозност – сега и требаме сите на државата. Можеме да дадеме аргумент плус за нашиот народ и на нашите пријатели – лидерите на земјите-членки на ЕУ и на Европската  комисија да имаат уште еден аргумент пред следните одлуки кога ќе носат историски важни одлуки за Република Северна Македонија, потенцира Заев.

Треба да знаете
Последни објави