Search

Заев по посетата на НП Маврово: Со изградба на нови делници ќе имаме предвид да има подземни премини со цел заштита на животните

Премиерот Зоран Заев, при денешната посета на Националниот парк Маврово, оствари средба со претставници на Македонското еколошко друштво, кои го презентираа проектот за следење на рисот кој што претставува уникатен вид и наш национален симбол.

-За време на разговорот им најавив дека со изградбата на новите делници ќе имаме предвид, секаде каде што тоа е можно, секој автопат да има подземни премини или зелени мостови за заштита на животните и за поголема безбедност во сообраќајот, пишува Заев на својот фејсбук профил.

Тој додаде дека одржливиот развој на општините ќе обезбеди баланс помеѓу грижата за животната средина и економскиот развој.

Треба да знаете
Последни објави