Search

Заев: Пописот ќе се спроведе во април, одложување нема да има

Нема да има ново одложување на пописот, ќе се спроведе во април 2021 година, истакна премиерот Зоран Заев.

Тој потсети дека пописот претходно годинава беше одложен уште пред појавата на Ковид-19.

„Како држава спроведовме покомплексни, покомплицирани теренски активности, како што се изборите, пописот можеме да го спроведеме во април“, истакна премиерот.

Како што најави, Државниот завод за статистика набавува 5.650 лаптопи за претстојниот попис.

Треба да знаете
Последни објави