Search

Заев повика на помирување за настаните од 27 април

Заев повика на помирување за настаните од 27 април

Време е да се помириме. Да го изигнеме над нас нашиот заеднички национален интерес. Се закрвавивме, се поделивме, заради однесување на поединци во политиката… Тоа се се дел од пораките што ги испрати премиерот Зоран Заев од собраниската говорница, на почетокот на расправата за владиниот предлог за пристапување кон уставни измени.

-Да си подадеме рака. Да почнеме од 27 април и настаните што се случија. Сега е одличен момент да си простиме и да се помириме. Испраќам порака на помирување и простување за 27 април, рече Заев.

Тој ги повика пратениците од мнозинството и од опозицијата да седнат и да се договорат за ова прашање. Рече дека е свесен дека овој герст има цена и дека тој како политичар е подготвен да ја плати цената.

Треба да знаете
Последни објави