Search

Заев: Победуваме водиме во повеќе од 30 општини и во град Скопје

Заев: Победуваме и водиме во повеќе од 30 општини и во Град Скопје!

„СДСМ и коалицијата победуваат во прв круг или имаат сериозно водство пред ВМРО-ДПМНЕ во повеќе од 30 општини и секако во Град Скопје“ кажа премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев на прес-конференција.

Тој додаде дека во општините каде што има втор круг, кандидатите на СДСМ и коалицијата имаат загубено голем број на гласови кај коалиционите партнери кои во првиот круг настапуваа самостојно.

„Коалицијата на прогресот добива сериозна поддршка во вториот круг. СДСМ влегува во втор круг во 36 општини плус Градот Скопје. Влегуваме в оборба за конечна победа во сите преостанати општини. Главата горе, на крајот СДСМ и коалицијата ќе имаат градоначалници во повеќе општини во споредба со ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција“ кажа Заев.

Тој додаде дека Мицкоски е свесен што ќе се случи во вториот круг, затоа гради еуфорија сега.

„Прогресивната коалиција се обединува за да обезбеди иднина на татковината. За да ја зачува безбедна и сигурна македонската иднина ги повикувам поддржувачите да излезат и да дадат поддршка за најдоброто“ заклучи Заев.

Треба да знаете
Последни објави