Search

Заев – Пломп: Северна Македонија напредува, се решаваат важни прашања за државата и граѓаните

Северна Македонија бележи сериозен напредок во последните две години, било нагласено на средбата меѓу премиерот, Зоран Заев, и холандскиот амбасадор, Вилем Ваутер Пломп.

Како што соопштија од владината прес-служба, меѓу постигнувањата се посочени отвореноста за решавање важни политички прашања, како што е Преспанскиот договор, како и во делот на почитувањето на човековите слободи и права.

„Сега сме насочени, придобивките од интеграцискиот процес во НАТО и исчекорите кон ЕУ да ги почувствуваат граѓаните како економски бенефити. Во претстојниот период ќе се посветиме на нов раст на платите и пензиите, како и поголема поддршка на инвеститорите и претпријатијата, за да придонесеме кон економскиот раст во државата“, рекол Заев.

На средбата било разговарано за важноста и за чекорите што се преземаат за имплементација на реформите во правосудството.

На состанокот заеднички било потврдено големото партнерство и пријателство помеѓу двете држави, кое, како што било констатирано, има голем отворен простор да продолжи да се унапредува на билатерален и економски план.

Треба да знаете
Последни објави