Search

Заев очекува уставните измени да завршат навреме и со поддршка од повеќе пратеници

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека очекува да бидат запазени роковите за уставните измени и целиот процес да заврши до средината на јануари, а во финалната фаза да биде поддржан од дополнителен број пратеници во Собранието.

-Нацрт амандманите беа јавно објавени и беа дадени одредени сугестии, што помагаат многу и на Владата како овластен предлагач. Во следната фаза верувам дека постои можност и многу други пратеници да ги поддржат конечните амандмани, затоа што некои најавија дека еден дел од тоа е прифатливо. Грција нема проблем со тоа што се сугерира, барем во еден дел. Тука имаме една кохезивна алатка, но и процесот на помирување е сериозен кохезивен фактор, како и спроведувањето на реформите, изјави Заев одговорајќи на новинарско прашање по состанокот со членовите на Координативното тело за помирување.

Заев очекува по уставните измени во Македонија, Договорот од Преспа да биде ратификуван и во Грција и да почне да се спроведува според договорените рокови во интерес на двете земји.

Треба да знаете
Последни објави