Search

Заев: Очекуваме уставните измени да бидат изгласани во јануари

Очекуваме во втората половина на јануари да бидат изгласани уставните измени во Парламентот, рече премиерот Зоран Заев на средбата со пратениците од Европскиот парламент, Дејвид Мекалистер од ЕПП и Кнут Флекенштајн од ПЕС.

Очекуваме во втората половина на јануари да се изгласаат уставните измени. Низ инклузивност, преку амандманите, и опозицијата се вгради во овој процес, а од денеска се отвора и јавната дебата, по што Владата ќе ги достави финалните решенија до Парламентот. Нашите очекувања се дека уставните амандмани ќе добијат широка политичка поддршка во Собранието, со што ќе се овозможи реализација на договорот од Преспа“, рече Заев.

Тој додаде дека Владата паралелно работи на реализацијата на реформите во клучните области кои очекува да бидат заокружени до март. „Поканата за НАТО и можноста за почеток на преговорите со ЕУ е висока мотивација за институциите во реформскиот процес, којшто е потребен за ЕУ, но и за квалитетот на живот на граѓаните на Македонија“, рече премиерот Заев.

Како што соопштија од Владата, европратениците изразиле силна поддршка за перспективите на Македонија во Европската Унија и во НАТО. Тие изразиле очекување дека уставните измени ќе бидат донесени во Парламентот, како и дека Македонија, потоа, со уште побрзо темпо ќе ги продолжи интеграциите во ЕУ.

Треба да знаете
Последни објави