Search

Заев од трибината во Тетово: 11 години ДУИ со Груевски немаа абер за НАТО, сега се фалат како они се заслужни

На предизборната трибина во Тетово, лидерот на СДСМ, Зоран Заев се осврна на ДУИ и нивното 17 годишно владеење. Според него оваа партија е време да оди во опозиција, за да и помогне на државата, но ина самата себе.

„Двете стратешки цели, НАТО и ЕУ, ги остваруваме. ДУИ сега зборува дека не внеле во НАТО и ЕУ, па што не го направија тоа 11 години со Никола Груевски. Се знае чија е заслугата. Ние изградивме концепт Едно општество за сите и успеавме да ги заштитиме и идентитетот и јазикот и на Македонците, но и на сие етнички заедници. Ние не сме ФИРОМ, ние сме Северна Македонија, призната од целиот свет. Јазикот ни е признат, идентитетот исто. Бевме скарани со сите соседи, сега сме најголеми пријатели.“- потеницраше Заев.

Дополни дека ДУИ во недостаток на економска понуда се вратила на национализмот, што е погубна политика во време кога одиме кон Европа.

„ДУИ ни ја навредува интелегенцијата. Одново користат националиситчка реторика. Дали се свесни дека ќе изгубат? Граѓаните се оние кои го даваат мандатот на премиерот, на претседателот… Ние немаме проблем со ниту една националност, но гласовите ќе одлучат кој ќе ја води владата. Крајно е време е ДУИ да премине во опозиција, да се реформира и така да и помогне на државата, но и на себе. Помина времето кога се удиравме во гради кој е поголем Македонец, а кој поголем Албанец, сега имаме европски фронт пред нас и одиме напред“- порача Заев пред тетовци каде што беа промовирани носителите на изборната листа на коалицијата „Можеме“ за шестата изборна единица.

Треба да знаете
Последни објави