Search

Заев од Србија: Ја носиме Европа овде на Балканот

Заев од Србија: Ја носиме Европа овде на Балканот

Премиерот Зоран Заев и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески присуствуваа на свеченото отворање на јужниот крак на Коридорот 10 на делницата низ Грделичката клисура во Србија. На церемонијата покрај српскиот претседател Александар Вучиќ, присуствуваа премиерката Ана Брнабиќ и министерката за градежништво, сообраќај и инфраструктира Зорана Михајловиќ.

Премиерот Заев истакна дека се намалува физичката и временска дистанца, односно дека сега до Белград ќе се стигнува за три и пол до четири часа.

На почетокот дозволете ми да ја изразам благодарноста за поканата да бидам дел од овој значен настан за Србија и за нашата земја и целиот овој регион. Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи, се радуваме за пријателска Србија и нашиот пријателски српски народ. Сега кога гледам како изгледа ова автопатско решение, честитките добиваат уште поголемо значење. Така е кога се работи вредно и посветено, резултатите се евидентни. Сега граѓаните на двете земји имаат автопатско решение. Сега од Скопје до Белград ќе се патува за четири часа. Намалувањето на физичката дистанца е соодветна на пријателството и блискоста меѓу нашите народи што ја носат длабоко во своите срца. Коридорот 10 сега го личи, вистинска европска вредност на поврзување и комуникација. Ја носиме Европа овде на Балканот. Јас сум уверен дека соработката ќе продолжи и со темпото диктирано од Берлинскиот процес. Денеска имаме прилика уште еднаш да го потврдиме тоа големо пријателство, за кое знам дека ќе расте во периодот што доаѓа, изјави Заев.

Треба да знаете
Последни објави