Search

Заев од Куманово: Покажавме грижа за ранливите категории, таа ќе продолжи уште повеќе

„Покажавме дека се грижиме, дека знаеме и умееме, дека можеме подобро и повеќе, повеќе од 120.000 граѓани ги користат придобивките од социјалната реформа и зголемувањето на паричните надоместоци за 300% во просек”, порача вечерва претседателот Зоран Заев на трибина во Куманово.
„Околу 27.000 семејства примаат гарантиран минимален приход. Минималната плата ја зголемивме од 9.000 на 14.500 денари. Го решивме проблемот со стечајците, денес околу 12.000 стечајци добиваат 8.000 денари до нивно пензионирање. Солидарно се бориме и против последиците од коронавирусот. Во Куманово  1.045 компании, или близу 7.000 работници им беа субвенционирани платите и придонесите. 20 компании кои вработуваат 188 лица добија бескаматни кредити од Развојната банка, во првиот бран на апликации. 21.936 платежни картички се дадени директно на граѓаните кои имаат потреба за истите”, потенцираше претседателот Заев од Куманово.
Претседателот Заев посочи дека во Програмата на СДСМ предвидено е грижата за ранливите категории да продолжи уште повеќе.
„Наша цел е 34.000 домаќинства да примаат гарантирана минимална помош, со континуирано обезбедување на нивно идно вработување, а 65.000 деца да примаат детски додаток и тоа ќе го оствариме, затоа што умееме и можеме”, заклучи претседателот Заев на трибината во Куманово.
Треба да знаете
Последни објави