Search

Заев: Одлуката за покачувањето на платите на просветарите ќе биде соопштена утре

Премиерот Зоран Заев денека, одговарајќи на прашањето околу тоа дали ќе им бидат зголемени платите на просветните работници, истакна дека таа одлука утре ќе ја соопшти министерот за образование и наука Арбер Адеми.

– Министерот за образование и наука преговара со министерката за финасии. Тука се на припомош и другите ресори коишто прават свои отстапки, затоа што буџетот е толку. Сите солидарно гледаме да ги задоволиме приоритетите. Секако одлуката треба да биде соопштена утре, посочи Заев.

Треба да знаете
Последни објави