Search

Заев: Ова е најголем пораз досега за ЕУ, тешко ми паѓа, ова е голема неправда која не е желба на бугарскиот народ

Премиерот на С. Македонија Зоран Заев вечерва беше гостин на ТВ21 во емисијата „Клик Плус“, каде ја коментираше одлуката на Бугарија да стави вето за почетокот на преговорите со ЕУ. Бугарија не даде зелено свело да се одобри преговарачката рамка.

Заев рече дека ова е најголемиот пораз за ЕУ и дека е разочаран од одлуката.

-Постигнавме Договор со Бугарија, и кога требаше да испорача ЕУ, таа не го стори тоа, и ова е најголем пораз за Европа. Треба да продолжиме да правиме напори, во духот на градење пријателство, дијалог, не конфликти. Мене ми паѓа многу тешко, затоа што верувам дека тоа не е желба на бугарскиот народ, туку на политика пред изборите во Бугарија. Но, еве, да дадеме шанса до декември,, рече Заев во „Клик Плус“.

Треба да знаете
Последни објави